Top Sport

Санчез-Викарио измамила банка за 5 милиони евра, и се заканува долга затворска казна

Славната шпанска поранешна тенисерка, Аранча Санчез-Викарио, освојувачка на 29 ВТА титули во долгата кариера, се наоѓа пред финансиски крах и криминална истрага која може да ја однесе зад решетки четири години, откако шпанските обвинители отворија истрага.

Според весникот „Ел паис“, Санчез-Викарио, која освои над 17 милиони евра само од наградни фондови во тенисот во 1990-тите, постојано имала финансиски проблеми, но сега обвинителите тврдат дека таа лажела каде се нејзините поседи за да не ги плаќа долговите.

Санчез-Викарио, која освои 14 гренд слем титули во сингл, двојки и мешани двојки, должела 5.2 милиони евра на „Банката на Луксембург“, која се обидува да го наплати долгот од 2010 година, но по совет на својот поранешен сопруг, Жозеп Сантакана ги испразниле своите банкарски сметки, и инвестирале во недвижнини, како стан во Барселона и Коста Брава.

Обвинителот во Барселона бара четирикратната гренд слем шампионка во сингл да плати 6.1 милиони евра на банката, и да добие четиригодишна затворска казна.

Scroll to Top