Top Sport

Сега е официјално – Ѓоковиќ го пропушта АТП купот

АТП купот, на својата официјална страница, ги потврди шпекулациите дека Новак Ѓоковиќ нема да учествува на турнирот.

Минатата недела, српските медиуми објавија дека Ѓоковиќ решил да го пропушти овој турнир.

Србија на АТП купот ќе игра во состав: Душан Лајовиќ, Филип Крајиновиќ, Никола Ќаќиќ и Матеј Сабанов, кој ќе биде и селектор на репрезентацијата.

АТП купот во Сиднеј, на програмата е од 1. до 9.јануари. Титула ќе ја брани репрезентацијата на Русија.

Scroll to Top