Таткото на Новак Ѓоковиќ, Срѓан, немаше коментар по снимката која се појави во која претседателот на Република Српска, Милорад Додик зборува погрдно за семејството, нарекувајќи ги „циганија“.
Ова доаѓа по настапот на Ѓоковиќ на турнирот во Бања Лука, прв АТП турнир во Босна и Херцеговина. Братот на Новак, Ѓорѓе Ѓоковиќ е директор на турнирот под име Српска опен, откако тој се пресели од Белград во БиХ.
„Овие Ѓоковиќи се тешки у пи.ку материну. Тоа луѓето го сфаќааат емотивно, но кога ќе работиш со нив, ауу. Циганија можам да ти кажам. Тие негови соработници…“, изјави Додик во интервју за „РТС“ во моменти кога мислеше дека не го снимаат.
62-годишниот Срѓан Ѓоковиќ за „Н1“ не сакаше да го коментира однесувањето на Додик.
Додик подоцна се извини за лапсусот.
„Се извинувам и разочаран сум од ‘РТС’ во овој случај. Ќе продолжам да го ценам успехот на единствениот Новак Ѓоковиќ и ќе го ценам неговото семејство како и претходно. Се сретнав со менаџерските и лидерските квалитети на Ѓорѓе Ѓоковиќ и благодарен сум што овој турнр се одржа во Бања Лука. Посакувам среќа на цело семејство. Успех за Срѓан и Ѓорѓе“, изјави Додик.
Milorad #Dodik nije znao da se snima, pa izvređao porodicu #Djokovic! 🤯
🎥 RTS pic.twitter.com/svmlSKr4mv
— Sportal (@SportalSrbija) April 26, 2023