Атлетичарката Кастер Семенја, олимписка и светска шампионка на 800 метри, изјавила дека започнува ново поглавје во кариерата, откако решила да да започне да се занимава со фудбал.
Семенја вчера се приклучила на тренинзите на фудбалскиот клуб од Јужна Африка „JVW“. За овој клуб таа би можела да дебитира наредната година.
„Благодарна сум за шансата што ми е пружена и ја ценам поддршката што ја добив од клубот. Се радувам на новиот предизвик и се надевам дека ќе можам да му помогнам на клубот“, ја пренесува „Скај Спорт“ изјавата на Семенја.
Атлетичарката нема да може да го брани златниот медал на 800 метри на претстојното Светско првенство во Доха, бидејќи Врховниот суд на швајцарија ја одби нејзината жалба која ја поднесе откако Меѓународната атлетска федерација (ИААФ) ја суспендираше поради зголеменото ниво на тестостерон.