Серена Вилијамс, осовојувачка на 23 Гренд слем трофеи, објави дека се повлекува од Ролан Гарос.
Помладата од сестрите Вилијамс во првото коло ја совлада сонародничката Кристи Ан со 7/6, 6/0. Во второто коло таа требаше да игра против Цветана Пиронкова од Бугарија.
По мечот со Ан, Серена рекла дека тешко се движи и дека има проблеми со ахиловата тетива.
Серена Вилијамс во кариерата три пати победила на Ролан Гарос (2002, 2013, 2015).