Top Sport

„Старата дама“ се пофали: Се вика Кристијано Роналдо. И тој е фудбалер на Јувентус

Јувентус го потврди тоа што веќе беше познато – Кристијано Роналдо потпиша договор со италијанскиот шампион на четири години за 100 милиони евра.

Роналдо беше најавен со кратка порака: „Се вика Кристијано Роналдо. И тој е фудбалер на Јувентус“.

„Јувентус објавува дека се договорил со Реал Мадрид за трансфер на фудбалерот Дос Сантош Авеиро Кристијано Роналдо за 100 милиони евра, кои ќе се платат следните две години, според правилата на ФИФА. Јувентус потпиша четиригодишен договор со фудбалерот до 30 јуни 2022 година“, се вели во официјалното соопштение на актуелниот италијански шампион.

Реал му се заблагодари – Роналдо е веќе играч на Јувентус

Scroll to Top