Петтиот ден на Австралија опен донесе уште едно големо изненадување, второ на на машкиот дел од турнирот. Откако кај дамите испаднаа седумкратната шампионка Серена Вилијамс и бранителката на трофејот Наоми Осака, а Марин Чилиќ во пет сета го елиминираше деветтиот носител Роберт0 Баутиста-Агут, турнирот заврши и за шестиот носител Стефанос Циципас.
Гркот кој лани играше во полу-финалето на овој грен-слем во три сета загуби од Милош Раониќ. Канаѓанецот за 150 минути игра славеше со 7/5, 6/4, 7/6.
Раониќ против фаворизираниот Грк имаше беспрекорен сервис, забележа 19 ас-сервиси, направи само една дупла грешка и не му дозволи на противникот ниту една брејк топка.
Искусниот играч кој минатата сезона имаше многу проблеми со повредите забележа 55 директни поени, дури 32 повеќе од Циципас.
Раониќ во осмина-финалето ќе игра против Марин Чилиќ кој по голема борба, во пет сета, го испрати на трибините Баутиста-Агут.