Рускиот шаховски велемајстор Сергеј Карјакин вели дека не отстапува од поддршката за својот претседател Владимир Путин, додавајќи дека не можел да остане „безгласен“ и покрај заканите со санкции од страна на ФИДЕ, но и со смрт на социјалните мрежи.
Карјакин, кој е роден во Симферопол на Крим, беше еден од ретките руски спортисти кои јавно ја поддржаа војната во Украина минатиот месец, по што доби осуда од Светската шаховска федерација (ФИДЕ) и беше пратен на дисциплинска комисија заедно со својот сонародник Сергеј Шипов. 32-годишниот Карјакин, кој загуби во меч за светската титула од Магнус Карлсен во 2016 година, ја повтори поддршката.
„Во 2014, кога го поддржував обединувањето на Крим со татковината, е бев повикан на некои турнири на запад поради моите ставови. Кога геополитичката ситуација стана нормална, пак ме викаа, така што знаев што правам. Сега ситуацијата е полоша, бидејќи за жал, луѓето умираат, но не можев да останам безгласен. Јас живеев во Краматорск во Доњецк три години, од мојата 9 до 12 година и не можам да молчам. Бидејќи јавно ја поддржувам Русија и нашиот претседател, ќе ме казнат. Најлошото е да ме исклучат од ‘кандидатските’ турнири, единствени со кои можеш да се квалификуваш за светската титула. Нема демократија, ниту можност да искажеш свое мислење а Западот. Тоа е само мит. Од почетокот на специјалната операција, јас и моите пријатели бевме предмет на напади со стотици заканувачки пораки за мојот живот и за моите најблиски. Но, хистеријата ќе помине“, вели Карјакин.
Ниту шахистите не смеат да го поддржуваат Путин – казни за Карјакин и Шипов