По првио подиум во кариерата, 18-годишниот словенечки ски скокач, Тими Зајц стигна и до својата прва победа и тоа на застрашувачката леталница во Оберстдорф со нов личен рекорд.
Со летови од 220 и 233.5 метри, Зајц го победи Полјакот Давид Кубацки и Германецот Маркус Ајзенбихлер за втор подиум оваа кариера, за да го крене духот во словенечкиот тим, кој оваа сезона има катастрофални резултати. Зајц е осми во генерален пласман со 554 поени.
Лидерот во генерален пласман и победник на „4 скокалници“, Рјују Кобајаши беше само 14-ти, но останува убедлив лидер со 1.251 поен пред Штефан Крафт (821) и Камил Штох (789).
Фото: ЕПА