Top Sport

Спринтерска сензација Џејкобс се „сити“ на позитивниот тест на Британецот

Италијанецот Ламонт Марсел Џејкобс, сензационалниот победник на 100 метри и на 4х100 метри на Олимпијадата во Токио признава дека на лицето му дошла насмевка кога дознал дека бритнаскиот спринтер Си Џеј Уџа доби суспензија поради позитивен допинг тест.

Уџа доби условна суспензија откако беше позитивен на две забранети супстанции по учеството во 4х100 метри штафетата, каде што Италија за само 0.01 секунда ги победи Британците. Ако се докаже вината, среброто ќе им биде одземено на Британците, Канаѓаните ќе се сребрени, а Кина ќе добие бронза.

Џејкобс вели дека веста му носи мало задоволство, посебно бидејќи за време на Олимпијадата, од Британија доаѓаа обвинувања дека тој е допингуван по шокантното злато на 100 метри со 9.80 и штафетата 4х100.

„Обвинувањата не влијаеја на мене многу, бидејќи знаев колку жртвував да дојдам до врвот. Сакам да уживам 100 отсто во успехот. Сега, по истрагата за Уџа, можеби е подобро Британците да гледаат дома за допинг-престапници наместо да ги напаѓаат другите. Искрено, имав мала насмевка на лицето“, вели Џејкобс за „Тутоспорт“.

Scroll to Top