Женската тениска репрезентација на Македонија губи со 0:1 против Ерменија по првиот меч во финалето од Третата европска зона во Били Џин Кинг купот кој се игра во Скопје.
Магдалена Стоилковска во првиот меч по голема борба загуби во три сета од Ирена Мурадјан.
Мурадјан го доби првиот сет со 6:4, во вториот Стоилковска возврати со 4:6, но потоа Ерменката имаше повеќе сила и го освои третиот сет речиси и без отпор со 0:6.
Фото: Игор Паневски