Судијата на столче, Новак Ѓоковиќ доби забрана за носење на капче на Вимблдон поради прекршувања на правилата за „бела облека“ на гренд слемот на трева.
Ѓоковиќ го носеше своето „Лакост“ капче на стартот на мечот од третото коло на „Теренот број 1“ против Полјакот Хуберт Хуркач, но судијата му нареди да го симне, бидејќи тоа имаше црна линија.
Вимблдон останува под својата традиција да не дозволува „шарена“ облека на традиционалниот тениски турнир, иако Ѓоковиќ го носеше истото капче во дуелот од второто коло. Но, очигледно дека судиите добиле препорака од организаторите да спречат вакви „прекршоци“.