Елина Свитолина имаше победнички старт на одбраната на својата титула од ВТА финалето во Шенжен со победа над Каролина Плишкова, додека шампионката од Вимблдон, Симона Халеп спасуваше меч-топка пред да ја победи младата Канаѓанка Бјанка Андреску.
Украинката Свитолина со 7:6(14:12)/6:4 ја победи поранешната светска тенисерка број 1 за прво место во „Пурпурната“ група, по што Халеп со 3:6/7:6(6)/6:3 во драматичен меч ја победи Андреску.
„Се обидував да бидам подготвена за нејзиниот силен сервис и да реагирам што е можно побргу. Подлогата беше неочекувано спора и тоа му помогна“, вели Свитолина.
Халеп во вториот сет спаси меч-топка за да ја победи шампионката од САД опен по 2 часа и 34 минути игра.
„Беше многу тешко. Знаев дека Бјанка е голема тенисерка и дека ќе се бори до крај, така што бев подготвена за битка. Не играв многу по Вимблдон, така што не сум во најдобра форма, но не сакав да загубам“, вели Халеп.