Top Sport

Тајсон: Една од најдобрите работи кои ми се случи е смртта на мојата мајка

За животната приказна на Мајк Тајсон се напишани многу текстови, снимени многу документари филмови, но „Челичниот“ секогаш знае да изненади со своите бизарни изјави.

Откако претходно изјавуваше дека магичните печурки му го спасиле животот, сега објаснува дека смртта на неговата мајка била клучна за неговата боксерска кариера. Од улиците на Њујорк, Тајсон стана најмладиот светски шампион во тешка категорија на само 20 години, по што имаше 58 професионални мечеви со 50-2-6 скор и 44 нокаути и тој објаснува дека таква кариера не би можел да има без смртта на неговата мајка.

„Една од најдобрите работи кои ми се случи беше смртта на мојата мајка. Мајка ми ќе ме направеше бебе и мек. Немаше шанси да влезам во улична тепачка, немаше шанси да научам да застанам за самиот себе“, вели Тајсон во интерјвју со Шенон Шарп.

Самиот Шарп му посочува дека без разлика на тоа, Тајсон ќе се сретнел со истите луѓе поради кои ќе морал да се брани. „Ајрон Мајк“ не се согласува.

„Тоа беше поставено од Господ да се справам. Јас не го водам сопствениот живот. Мислиш дека јас самиот станав шампион во тешка категорија? Не, не го правам тоа. Тоа беше Господ“, објаснува Тајсон.

Мајката на Тајсон почина кога тој имаше само 16 години, оставајќи го како посвоен син на тренерот Кас Д’Амато.

„Имав голем ментор, кој секогаш ми го даваше тоа што беше потребно – потврда дека можам да бидам голем“, додава Тајсон.

Scroll to Top