Легендарниот Мајк Тајсон се подготвува за 12 септември, за борбата против Рој Џонс Јуниор, која ќе биде од ревијален и хуманитарен карактер.
По тој повод „Железниот Мајк“ е често во медиумите и одговара на прашања кои неретко немаат никаква поврзаност со борбата, прва негова по цели 15 години, откако се повлече од боксот.
Запрашан дали би имал шанси против Конор Мекгрегор во октагонот, Тајсон вели дека веднаш би загубил.
„Не би можел таму да се борам. Мислам дека Конор веднаш би ме победил. Не затоа што ќе ме разбие, туку затоа што таму може да ми застане врз стапалата. Веднаш би се предал тоа да ми се случи, не можам тоа да го поднесам. Имам најлоши стапала во светот, тоа ми е слабата точка. Конор не би морал ниту да ме удри“ – рече Тајсон.