Поранешниот шампион во тешка категорија Мајк Тајсон одбил понуда од 18 милиони долари за спектакуларна борба.
„Марка“ пишува дека Тајсон добил понуда да се бори без ракавици со Бразиелцот Вандрелеј Силва во рамките на „Knuckle Fighting Championship (BKFC)“.
BFKC неодамна договориле соработка со поранешниот УФЦ шампион, Ванделеј Силва. Бразилецот за разлика од Тајсон без размислување ја прифатил борбата.
„Мајк се подготвува за меч со ракавици“, рекол Рафаел Кордиеро, тренерот на Тајсон.
„Челичниот Мајк“ има 53 години, но делува дека се наоѓа во одлична форма.