Новак Ѓоковиќ ја загуби битката со Австралија, и нема да може да ја брани титулата од Австралија опен, ниту да оди на рекордна 21. гренд слем титула, и неизбежно беше да се јави неговиот татко Срѓан Ѓоковиќ со малку мелодраматичен статус на социјалните мрежи.
Ѓоковиќ во наредните три години нема да може да влезе во Австралија, а исто така ќе ги плати трошоците за судењето откако речиси десет дена траеше неговата легална битка за да остане во земјата и без да биде вакциниран од КОВИД. Таткото Срѓан, познат по повеќе контроверзни изјави се јави на социјалните мрежи.
„Заврши обидот за атентат на најдобриот спортист на светот, 50 куршуми на Новак во гради – а тој по тоа дава поддршка на млад тенисер од 17 години. Ете тоа е Ноле, човек, брат. Се гледаме во Париз“, стои во статусот на Срѓан Ѓоковиќ.