Срѓан Ѓоковиќ, таткото на светскиот рекет број 1, Новак Ѓоковиќ вели дека жали што неговиот син потклекнал под притисоците да игра во мешани двојки на Олимпијадата во Токио, што потоа го чинело златен медал.
Ѓоковиќ стигна до полуфиналето во сингл и во мешани двојки, заедно со Нина Стојановиќ, но откако во бурен меч загуби од Александер Зверев во сингл, го загуби и полуфиналето во двојки. Потоа, тој загуби и во мечот за бронза, по што воопшто не се појави на терен со Стојановиќ во мечот за бронза во мешани двојки, за што беше критикуван дека и го уништил сонот на партнерката.
Сега, Срѓан Ѓоковиќ вели дека на Србинот е вршен притисок.
„На моја жалост, повторно подлегна на притисоците и прифати да игра во двојки. Мислам дека тоа го бетонираше, а истото се случи и на претходната Олимпијада кога играше со Ненад Зимоњиќ. Исти притисоци. Требаше да се фокусира на сингл и ќе освоеше злато. Беше уморен по Ролан Гарос и Вимблдон, а сепак остана во олимпиското село“, вели Ѓоковиќ.