Интернационалната тениска федерација (ИТФ), ВТА и АТП турнеите и четирите гренд слем турнири објавија соопштение поради војната во Украина, откажувајќи ги руските турнири, но дозволувајќи има на руските и белоруските тенисери и тенисерки да продолжат да се натпреваруваат под неутрално знаме
„Нашите мисли се со луѓето од Украина, и пофалуваме што многу тенисери излегоа и зборуваа за овој неприфатлив чин на агресија. Ќе ги повториме нивните пораки за крај на насилството и враќање на мирот. Безбедноста на тениската заедница е наш најважен приоритет, и затоа ВТА и ВТА контактираше со сегашните и поранешните тенсиери од Украина и ближните земји за да се потврди нивната безбедност. АТП/ВТА комбинираниот турнир во Москва е суспендиран, Руската тениска федерација (РТФ) и Белоруската тениска федерација (БТФ) исто така се суспендирани и нема да можат да се наптреваруваат во тимските натпреварувања. Во исто време, тенисерите од Русија и Белорусија ќе продолжат да се натпреваруваат на турнеите и гренд слем турнирите, без името или знамето на Русија или Белорусија“, се вели во заедничката одлука.
Иако ова значи дека тенисерите како светскиот рекет број 1, Данил Медведев ќе можат да се натпреваруваат, тој и Русија нема да може да ја бранат титулата од Дејвис купот.
Joint Statement by the International Governing Bodies of Tennis
⬇️
— ATP Tour (@atptour) March 1, 2022