Македонските тенисерки остварија уште една максимална победа (3:0) во Били Џин Кинг куп. Магдалена Стоилковска ја победи Челси Чаканјука со 6-3, 6-2, а потоа Лина Ѓорческа исто така во два сета го доби дуелот против Екуа Јури (6-1, 6-1).
Во игра на двојки, Магдалена Стоилковска и Лина Ѓорческа славеа со 6-1, 6-0 против Челси Чаканјука и Екуа Јури.
Утре македонскиот женски тениски тим ќе се сретне против Јужна Африка за битка во полуфиналето.
Фото: Игор Паневски