Женската тениска репрезентација на Македонија со максимален триумф (3:0) стартуваше на „Били Џин Кинг“. Македонија ја совлада Уганда со 3:0 во првото коло од групата Ц.
Лина Ѓорческа и Магдалена Стоилковска ги совладаа своите противнички без загубен гем. Стоилковска славеше со 6:0 и 6:0 над Намаганда, додека Ѓорческа со ист резултат беше подобра од Бирунги.
Утре македонските тенисерки ќе играат против Боцвана, а в чеврток во последното коло противник е Јужна Африка.