Поранешниот светски рекет број 8, Јанко Типсаревиќ ќе се повлече од професионалнио тенис на крајот на сезоната, потврди 35-годишниот Србин по низата повреди во вториот дел од кариерата.
Типсаревиќ во кариерата освои четири АТП титули, двапати стигна до четврт-финалето на САД опен и го освои Дејвис купот со Србија во 2010 година.
„Беа одлични 16 години. По многу размислување за тоа што ми е најважно во овој дел на мојот живот и што ме прави среќен, решив да се повлечам од професионалниот тенис“, вели Типсаревиќ.
Србинот ќе игра на САД опен во Њујорк од понеделник, а последен турнир ќе му биде финалето на Дејвис купот во Шпанија во ноември.