Top Sport

Трагедија во САД: Се удави НФЛ играч

Трагична вест доаѓа од Флорида. Поранешниот квотербек Рајан Малет, почина на 35-годишна возраст откако се удавил на годишниот одмор во Мајами, јавуваат медиумите во САД.

Морските струи го одвлекле Малет далеку од брегот, а потоа не можел да се справи со водената стихија. Тој бил извлечен од спасувачите, но починал пред да пристигне во болница.

Рајан Малет шест години беше дел од НФЛ лигата. Играчката кариера ја заврши во 2017 година како играч на Балтимор Рејвенс.

 

Scroll to Top