Италијанката Софија Гоџија ја продолжи својата неверојатна серија во спустот, победувајќи во трета последователна трка, нешто што последен пат и успеа на Американката Линдзи вон пред три години.
Гоџија за 0.20 секунди беше побрза од Чехинката Естер Ледецка, додека третото место го освои американското изненадување, Бризи Џонсон на тешка патека по големите врнежи на снег во Швајцарските Алпи. Утре на програмата е уште еден спуст.
Швајцарскиот ветеран, Беат Фојц, пак, триумфираше на легендарнит спуст на патеката Штрајф во Кицбил првпат во кариерата, откако дури четири пати претходно имаше пласман на второто место.
Во маратонска трка во која беа потребни три часа 30 скијачи да ја завршат трката, по што преостанатите 25 скијачи не добија шанси да ја започнат легендарната трка. Фојц беше за 0.16 секунди побрз од Австриецот Матијас Маер, додека трет со половина секунда послабо време беше Италијанецот Доминик Парис.
SUPER SOFI: IN DISCESA NON CE N'È PER NESSUNO ⚡??
A Crans Montana @goggiasofia centra la decima vittoria in Coppa del Mondo e la 3^ consecutiva in discesa libera: è la prima azzurra a riuscirci ???⛷️#Goggia | #FISAlpine| #EurosportSCI pic.twitter.com/AuDfDE75i6
— Eurosport IT (@Eurosport_IT) January 22, 2021
"Beat Feuz is absolutely flying!" ?
Could this be the Swiss ski star's first win of the season? ??
⛷ #FISAlpine
? Eurosport 1
?? Ad-free coverage: https://t.co/t46qrmesyT pic.twitter.com/sUObhK2o8U— Eurosport UK (@Eurosport_UK) January 22, 2021