Oткако во последната недела фокусот беше на нејзината сонародничка Камила Валиева и позитивниот допинг тест, уметничкото лизгање сега е „потресено“ од однесувањето на освојувачката на сребрениот медал, Александра Трусова по поразот во финалето во Пекинг.
17-годишната Трусова стана првата лизгачка во историјата која остварила пет четворни скокови во една програма, освојувајќи најдобри 177.13 во слободната програма, но на крајот задоволувајќи се само со среброто зад уште една Русинка, Ана Шчербакова.
По ова, таа беше забележана како вреска на својот тренер: „Го мразам овој спорт. Никогаш повеќе нема да лизгам. Го мразам, го мразам“.
По смирувањето на страстите, таа даде интервју за руската „Мач ТВ“.
„Имав пет четворни скока. Ги видовте резултатите, знаете што се случи. Тоа дека нема веќе да лизгам? Ќе видите! Зошто плачам! Бидејќи ми се плаче. Тука сум веќе три недели без мојата мајка и моите кучиња. Затоа плачам“, изјави Трусова.
это просто ПИЗДЕЦ и это праздник, и это то чего мы так ждали? у меня нет слов pic.twitter.com/1bfbKmfsQW
— plumbum228_premium (@pupic11) February 17, 2022
«Русская ракета» Александра Трусова исполнила пять четверных прыжков в произвольной программе на Олимпийских играх
Впервые на крупнейшем международном турнире исполнено пять четверных! pic.twitter.com/9LRFZfyjHz
— Na-Ta-Li-Я (@hnv_NaTa) February 17, 2022