Top Sport

Убава и опасна – Луреда го прослави новиот договор со секси-танц

ММА ѕвездата, Валери Луреда очигледно не реагира на критиките дека со својата сексапилност сака да го „продаде“ спортот, откако новиот договор со Белатор го прослави со пост на социјалните мрежи во кој ги почести фановите со секси-танц.

Непоразената Луреда, минатиот викенд ја победи Тара Граф за да добие 3-0 скор, по што 22-годишната Американка мораше да се правда за своите постови на социјалните мрежи на кои честопати е разголена.

Луреда, која има 4-ти дан црн појас во таеквондо, дебитираше во Белатор минатиот февруари и импресионираше во трите победи. Нејзиниот танц по последната победа беше прегледан неверојатни 11 милиони пати, и луѓето од Белатор одговорија со тоа што и дадоа повеќегодишен милионски договор.

„Пресреќна сум што потпишав со Белатор. Како што секогаш велам, тука сум да покажам дека сум вистински фајтер и одам на појасот во мува категорија. Родена сум за борби“, вели Луреда.

Секси танцот на ММА ѕвездата Луреда по убедливата победа предизвикува контроверзи

 

Scroll to Top