Џон „Боунс“ Џонс, еден од најдобрите УФЦ фајтери во историјата, преку Инстаграм се пофали со видео на кое се гледа како брка еден потенцијален крадец со сачмарка во неговите раце.
Снимките од камерата за надзор во неделата покажуваат како еден човек се однесува чудно покрај автомобилите на Џонс паркирани пред неговиот дом во Албакерки, Њу Мексико. Тој успева да отвори врата на едно од возилата, пред да се чуе куче и отварање на вратата од гаражата од каде што излетува Џонс и го брка крадецот.
„Следниот пат кога ќе се обидете да ограбите некого, бидете сигурни дека можете да ги наттрчате. Има среќа што сум доволно умен да не пукам во човек што бега. Луѓе, знам дека времињата се тешки, но вашиот живот не е само материјалниот посед. Што мислите за видеото, можев ли да направам нешто поинаку?“, прашува Џонс на Инстаграм.
Ова не е првпат „Боунс“ да се судри со криминалци. Во март 2011 година, истиот ден кога стана најмлад УФЦ шампион, тој успеа да помогне во фаќање на еден крадец кого го заддржи додека не донесе полицијата.