По повеќе месеци шпекулации долгочекуваната пресметка меѓу Конор Мекгрегор и Хабиб Нурмагомедов е договорена за УФЦ 229 во Лас Вегас во октомври, во тоа што сигурно ќе биде најскапиот меч во ММА ситоријата.
Дуелот на двајцата најдоброрангирани фајтери во лесна категорија беше потврден од шефот на УФЦ, Дејна Вајт на прес-конференција во Лос Анџелес во петокот, и иако и двајцата ММА борци не беа присутни на промоцијата, Вајт посочи дека е склучен договорот за меч на 6 октомври во новата „Т-Мобиле арена“.
Нурмагомедов е актуелниот шампион во категоријата откако го победи Ал Јакинта во април, додека Мекгрегор не ја загуби титулата во рингот, туку поради авантурата во боксерскиот ринг, каде што во најскапиот меч во историјата загуби од Флојд Мејведер јуниор.
Мечот ќе има и поинаква димензија, откако Мекгрегор и неговите пријатели во април го нападнаа автобусот во кој беше Нурмагомедов на паркингот во „Барклис центарот“ во Бруклин пред УФЦ 223. Ирецот по ова беше обвинет за насилство, но избегна затворска казна, за сега да биде подготвен за најскапиот меч во 25-годишната историја на УФЦ.
THE FIGHT IS ON!@TeamKhabib vs @TheNotoriousMMA Oct. 6 in Las Vegas at #UFC229! pic.twitter.com/GHNzmj4eWY
— #UFC227 (@ufc) August 3, 2018