Кандидатот за УФЦ титулата во тешка категорија, Френсис Нгану, очигледно исфрустриран што не добива шанса за борба за појасот, го декласираше досега непоразениот поранешен кик-боксер Жаирзињо Розенстрајк за само 20 секунди на УФЦ 249.
Нгану работеше во изолација во Лас Вегас за мечот против Розенстрајк, кој го повика на дуел по нокаутот на Алистер Оверим, и покажуваше дека е во најдобрата физичка форма во својата кариера. Розенстрајк почна добро со упатен удар со нозе, но тоа беше единствениот удар кој го упати, откако „Предаторот“ со низа удари го прати на оградата, по што со силен удар од левицата го „патосираше“ својот противник, а судијата Ден Мираљота веднаш го прекина мечот.
Ова беше еден од најдобрите нокаути во тешка категорија во последно време, и Нгану секако се промовира во кандидат за добивање на меч против УФЦ шампионот Стипе Миочиќ или поранешниот шампион Даниел Кормиер, кои ќе влезат во кафезот оваа година.
Calling out Francis Ngannou is probably a bad idea. #UFC249 pic.twitter.com/P49DrwH8rh
— Spinnin Backfist (@SpinninBackfist) May 10, 2020