Игнасио Бахамондес беше на добар пат да обезбеди победа на поени над американскиот ривал Рузвелт Робертс, пред да го направи еден од најспектакуларните нокаути во историјата на УФЦ, патосирајќи го противникот, официјално на пет секунди пред крајот на мечот на УФЦ Вегас 34.
Чилеанецот кој живее во САД, Бахамондес повеќе пати во 14-те минути борба имаше вакви удари од свртување, но последниот удар беше навистина пеколен.
Ова беше совршен камбек во прелиминарните борби за Бахамондес, кој загуби на поени од Џон Макдеси во претходниот меч и сега би можел да добие и посилен (и секако побогат) противник.
Roosevelt Roberts foi de base depois desse carinho do Ignacio Bahamondes #UFCVegas34 pic.twitter.com/qaXtbEaCE6
— RESENHÃO (@canalresenhao) August 22, 2021
10 seconds left in the fight, Amazing KO from Bahamondes ? pic.twitter.com/uBSYzztkdT
— SamMMA??? (@SamPixelsMMA) August 22, 2021