Украинската тенисерка Дајана Јастремска, која минатата недела успеа да избега од својот роден град Одеса заедно со својата помлада сестра, загуби во финалето на Лион опен од Жанг Шуаи со 3:6/6:3/6:4 по речиси два часа борба.
Таа стана миленичка на публиката во Франција, каде што ќе остане да живее, но не успеа да ја спречи 33-годишната Жанг да стигне до својата трета титула во кариерата, и прва од 2017 година.
„Се борев за мојата земја, бидејќи знам дека мојата земја се бори за мене“, изјави емотивната Јастремска, која наградата од турнирот ќе ја донира на Украинската фондација.
И Жанг имаше што да каже по победата, оценувајќи дека мора да победува на странство, откако ВТА ги откажа сите турнири во Кина поради случајот со наводното „замолчување“ на поранешната гренд слем шампионка во двојки Пенг Шуаи.
ᴅᴇᴛᴇʀᴍɪɴᴀᴛɪᴏɴ ?
?? @zhangshuai121 survives in three-sets and takes home her third career title! ?#O6SML22 pic.twitter.com/vORCDG6s2H
— wta (@WTA) March 6, 2022
Јастремска вчера избега од Одеса, следната недела ќе игра тенис во Лион!