ВБА, ИБФ и ВБО шампионот во тешка категорија, Олександер Усик е сигурен дека ќе ги задржи своите шампионски појаси во сабота навечер кога ќе се судри со британскиот предизвикувач Даниел Дубоа во Вроцлав, Полска во задолжителна одбрана на титулите.
25-годишниот Дубоа влегува во мечот со предност во височина, но и во тежина (105.5 кг во однос на 100 кг на Украинецот), и пред мечот одби да дава било каква изјава освен да посочи дека со помош на „Господ ќе стигне до победа“. Усик беше внимателен во изјавите.
„Тој е поголем човек, но сите во тешката категорија се големи. Но, тоа не е важно, бидејќи јас имам други квалитети со кои ќе го надополнам тоа“, изјави Усик.
Дубоа ќе биде четвртиот британски боксер кој ќе се обиде да го суреди Усик, откако Ентони Џошуа не успеа двапати, додека поразени беа и Дерек Чисора и Тони Белју.