Конор Мекгрегор има можност да се запише во историјата на УФЦ како борец што освоил шампионскиот титули во три различно категории бидејќи сѐ повеќе се шпекулира за борба помеѓу него и актуелниот шампион в велтер категорија (до 77 килограми) Камару Усман.
Мекгрегор во минатото има три борби во велтер категорија, забележал победа и пораз против Нате Дијаз и го победил пред четири месеци Доналд Сероне.
„Злогласен, сакаш да добиеш шанса за шампионска титула? Усман ќе ти даде шанса и вети дека нема да те нокаутира во првите две рунди. Само ќе ти дели шамари“, рекол менаџерот на нигерискиот борец Али Абделазиз.
„Навистина не знам зошто сакате да умре овој човек“, напишал Камару Усман.
Мекгрегор се уште не одговорил на овие провокации.
Инаку Ирецот е првиот борец во УФЦ кој истовремено бил шампион во две категории, перо-лесна и лесна.
Мекгрегор во кариерата има 22 победи и четири порази, додека Усман има 16 победи и еден пораз, забележан пред седум години.