Швајцарецот Станислас Вавринка по мечот во третото коло на Вимблдон истакна дека Новак Ѓоковиќ е најдобриот светски тенисер во моментов.
Ѓоковиќ синоќа успеа да го победи Вавринка со 3:0 во сетови, а мечот траеше два часа и девет минути.
„Беше тежок меч, како што очекував. Во моментов Ѓоковиќ е најдобриот играч во светот, тешко е да се игра против него на Вимблдон. На крајот, среќен сум за мојот настап на турнирот во Лондон. Се борев до крајот, но јасно е дека не сум на неговото ниво на игра“, изјави Вавринка.
Следен ривал на Ѓоковиќ во осминафиналето ќе биде Хуберт Хуркач.