Велшанецот Герант Томас направи голем чекор кон победа на Џиро Д’Италија, откако на првиот сериозен планински испит го остави зад себе главниот ривал, Словенецот Примож Роглич на последното искачување за да го освои второто место на 16. етапа зад Жоао Алмеида и да ја врати лидерската розева маичка.
Додека Роглич покажа слабост на искачувањето до ски-центарот во Трентино, Алмеида беше супериорен во искачувањето од 21 километри, и остана покрај Томас, шампионот од Тур де Франс 2018, за да го победи во спринтерски финиш во последните 100 метри. Со победата и бонусот од 10 секунди, Алмеида сега е втор во генерален пласман со 18 секунди заостанување зад Томас. Роглич е трет во генерален пласман со 25 секунди послабо време.
The last km of Monte Bondone is a showdown between two champions 🔻
L'ultimo km del Monte Bondone è una sfida tra due campioni 🔻@Expo2030Roma #Giro #GirodItalia pic.twitter.com/3DdjcO2umJ
— Giro d'Italia (@giroditalia) May 23, 2023