Данскиот велосипедист Мадс Педерсен е победник на шестата етапа на Џиро Д’Италија, откако главната „потера“ ги фати Австралиецот Сајмон Кларк и Италијанецот Алесандро де Марки, кои во поголемиот дел од етапата беа на врвот на само 250 метри од 162 километри долгата етапа околу Неапол.
27-годишниот Педерсен, кој сега има етапни победи на Тур де Франс, Вуелта Еспања и Џиро, победи пред Италијанецот Џонатан Милан и Германецот Паскал Акерман, додека Норвежанецот Андреас Лекнесунд останува лидер во генерален пласман пред утрешната планинска етапа со 28 секунди предност пред Белгиецот Ремко Евенепел, кој имаше мирен ден откако вчера падна двапати.
Exciting, thrilling, heartbreaking. Here's the last km of stage 6 of the Giro d'Italia 2023. 🔻
.
Struggente, emozionante, esaltante. L'ultimo km della tappa 6 del Giro d'Italia 2023.🔻#Giro #GirodItalia @Expo2030Roma pic.twitter.com/Wc6ZnyDyVY— Giro d'Italia (@giroditalia) May 11, 2023