Францускиот тенисер Иго Гастон доби фантастична казна од 133.000 евра, повеќе од парите кои ги заработи оваа сезона на АТП турнејата (114.200 евра), за неверојатниот неспортски потег на мечот со хрватскиот тенисер Борна Чориќ во Мадрид.
Гастон, кој загуби во мечот со 6:3/6:3, во обид да преигра поен, уфрли дополнително топче на теренот. Ова е вторпат тој да прави ист прекршок и затоа ја добива највисоката казна на АТП турнејата.
BREAKING 🚨
Hugo Gaston has been fined €133,000 by the ATP for intentionally throwing a ball into the court during his match against Coric in Madrid, trying to replay the point.
This is the video 👇pic.twitter.com/EeU4RVFg3w
— Relevant Tennis (@RelevantTennis) May 22, 2023