Првиот светски рекет Карлос Алкараз загуби во четвртфиналето на Мастерс турнирот во Торонто од Американецот Томи Пол.
Мечот траеше два часа и 21 минута, а заврши во три сета со 6:3, 4:6, 6:3 за американскиот тенисер.
Не само што беше поразен, туку Алкараз остави и лоша слика со однесувањето на централниот терен на комплексот „Канада опен“.
Младиот Шпанец не успеа да ги контролира емоциите на крајот од првиот загубен сет, кога го фрли рекетот кон својата клупа.
Подоцна го шутираше топчето, но се раздвижи и успеа да го добие вториот сет со 6:4 и да ја зголеми надежта за пресврт.
No code violations for boy wonder. 🤔pic.twitter.com/aqZqgW6B25
— Pavvy G (@pavyg) August 12, 2023
Сепак, не дојде до тоа, бидејќи Пол беше одличен во третиот сет и ја заврши работата со три гема во низа, а закажа и дуел против Алекс Де Минор.
Алкараз и покрај поразот освои нови бодови и од понеделник ќе има 600 бодови повеќе од второпласираниот Новак
Ѓоковиќ.
И двајцата ќе играат следната недела на Мастерсот во Синсинати, а потоа и на УС Опен, кој започнува на 28 август во Њујорк.