УФЦ шампионот во перо категорија, Австралиецот со македонско потекло, Александар „Велики“ Волкановски вели дека сака да го избрише стереотипот на ММА фајтерите како „силеџии“ со финиширање на неговата илустрирана книга за деца која се надева дека ќе излезе пред неговиот ри-меч со Макс Холовеј на УФЦ 251 на 11 јули.
„Книгата ќе биде за мене, што е навистина кул. Насоката во која одиме е да покажеме како е да се биде светски шампион и каков е патот до таа титула“, вели Волкановски.
Тој вели дека делумно бил мотивиран да го наруши имиџот на фајтерите како силеџии без мозок, праќајќи „боцка“ кон Конор Мекгрегор, кој беше вклучен во пресметка со постар човек во еден паб во Ирска.
„Не сме сите силеџии кои сакаат да фрлаат работи на автобуси, кои сакаат да удираат старци и други такви приказни од медиумите. Не сме сите такви. Некои од луѓето кои заслужуваат најголема почит се фајтери“, додава Волкановски.
Мекгрегор удрил старец во паб навреден од тоа што тој одбил да го чести виски (видео)