Top Sport

Волков: Оверим се гушеше од крвта откако му го скршив лицето

Александер Волков, рускиот УФЦ тешкаш со прикладен прекар „Драго“, открива дека неговиот последен ривал во кафезот, холандскиот ветеран Алистер Оверим едвај дишел по крвавиот пораз во саботата откако доби десетина удари во главата во меч по кој двајцата завршија во болница.

Волков вели дека бил шокиран од првиот напад на „Демолишн мен“ Оверим, но дека можел да врати само со брутален одговор.

„На крајот успеав да му го скршам лицето и затоа тој се гушеше од сопствената крв. Не знам дали тоа може да се види на видеото, но почувствував како дише и се чудев како стои на нозе. Во втората рунда по повеќе удари беше јасно дека тој не може повеќе. Сепак, тој знаеше што сака и имаше план и чекаше моја грешка“, вели Волков за рускиот „Спорт 24“.

УФЦ: Рускиот „Драго“ го „смачка“ Оверим во две рунди

Scroll to Top