Top Sport

ВТА го казни Вимблдон со милион долари за исфрлањето на руските и белоруските тенисерки

Организаторите на Вимблдон добија казна од 1 милион долари од Женската тениска асоцијација (ВТА) поради суспензиите кои ги дадоа на руските и белоруските тенисери на гренд слемот, откако претходно им ги одземаа и рејтинг-поените за настап на турнирот.

Британската тениска асоцијација (ЛТА) доби 750.000 долари казна, додека Ол Ингланд клубот, организаторот на турнирот, е дополнително казнет со 250.000 долари. Двете организации се жалеа на одлуката, но казната мора да се плати пред да се разгледа жалбата.

„Ние остануваме на одлуката која ја направивме и разочарани сме од реакцијата на АТП и ВТА турнејата, но не можам да кажам повеќе, бидејќи сме дел од легален процес“, изјави генералната директорка на Ол Ингланд клубот, Сели Болтон.

Додека другите гренд слем турнири решија да им дозволат на Русите и Белорусите да играат под неутрално знаме (вклучувајќи го и американскиот САД опен), Вимблдон реши дека присуството на руски и белоруски тенисери и тенисерки ќе пратело погрешна порака за поддршка на рускиот претседател Владимир Путин.

Scroll to Top