Top Sport

ВТА турнејата ги откажа сите кинески турнири поради Пенг Шуаи

ВТА турнејата, професионалната женска тениска турнеја, ги суспендираше сите турнири во Кина поради „исчезнатата“ поранешна тенисерка Пенг Шуаи, и покрај тоа што Интернационалниот олимписки комитет (ИОЦ) и нивниот претседател Томас Бах разговараа со неа и беа убедени дека нејзиниот живот не е во опасност и дека таа е слободна.

Сагата започна на 2 ноември, кога Пенг Шуаи го обвини поранешниот кинески вице-премиер за сексуален напад на кинеската социјална мрежа „Веибо“, но постот бргу беше избришан, по што се шпекулираше дека таа „исчезнала“. По кампањата на дел од тенисерите и тенисерките, кинеските медуими објавија видеа и фотографии од Пенг, а ИОЦ организираше разговор со неа, но ВТА реши дека мора да се направи нешто повеќе.

„Пенг Шуаи ни покажа колку е важно да се зборува, посебно за сексуални напади и посебно кога се вклучени моќни луѓе. Како што Пенг кажа во пораката: ‘Дури и ако е како кога јајце удира во камен, или молец кој оди кај огнот, барајќи самоуништување, ќе ја кажам вистината за тебе’. Таа ја знаеше опасност и излезе со виситната. Кинеските официјални лица го цензурираа ова и не успеаја да докажат дека Пенг е слободна и дека може да зборува без да биде застрашена. Со целосна поддршка на бордот на директори, објавувам целосна суспензија на сите ВТА турнири во Кина, вклучувајќи го и Хонгконг. Не можеме да побараме нашите спортисти да се натпреваруваат додека Пенг Шуаи не може да зборува. Не гледам како можеме да имаме турнири во Кина во 2022 година“, се вели во објавата на претседателот на ВТА, Стив Сајмон.

Пенг е безбедна, гарантира претседателот на ИОЦ по видео-разговорот

Кина објави две бизарни видеа да докаже дека Пенг е „слободна“

Scroll to Top