Top Sport

За Мареј нема емоционално враќање на Австралија опен

Енди Мареј нема да има емоционално враќање во Мелбурн за Австралија опен, 12 месеци откако таму најави дека ќе се повлече од тенисот, откако шкотскиот тенисер реши да остане во Британија и да работи на опоравувањето од повредата која ја доби на Дејвис купот.

„Работев многу напорно да се вратам во ситуација во која можам повторно да играм на врвно ниво и навистина ми е мака што нема да можам да играм во Австралија во јануари. По Австралија опен оваа година, не бев сигурен дали ќе можам да играм некогаш повеќе и бев возбуден од можното враќање таму. Но, подобро да бидам внимателен и да се фокусирам на брзо враќање на терените“, вели 33-годишниот поранешен светски рекет број 1.

Мареј, кој во моментов е 125. на АТП листата, требаше да лета во Австралија во петокот, но реши да ги послуша советите на своите лекари да не се оптоварува со мечеви во пет сета на жештината во Мелбурн. Негово можно враќање е предвидено за Монпелје опен или за Ротердам опен во февруари.

Scroll to Top