Поранешната најдобра тенисерка во светот, Каролин Вознијацки, доживеа шокантен пораз на Вимблдон од Кинеската Шуаи Женг.
Вознијацки, која на Вимблдон го имаше статусот на 14 носителка, против Женг, фуриозно влезе во мечот поведе со 4:0 и во петтиот гем имаше три топки за брејк.
Откако успеа да спаси нов брејк започна серијата на Женг, која се наоѓа на 50 место на ВТА листата. Кинеската доби шест гема во низа и го освои првиот сет.
Вознијацки вториот сет го започна со брејк и застана. Од наредните седум гема Женг освои шест и ја комплетираше победата со 6/4, 6/2.
Во наредната рунда Женг ќе игра против Дајана Јастремска или Викторија Голубиќ.