Top Sport

Женскиот тенис има нова „кралица“ – Ешли Барти!

Австралијката Ешли Барти од утре ќе биде новата светска тенисерка број 1, откако во финалето на Бирмингем пен со 6:3/7:5 јасовлада Германката Јулија Гергес.

Барти, неочекуваната шампионка од Ролан Гарос, каде што ја освои својата прва гренд слем титула, покажа дека е добра и на тревната подлога, враќајќи се од 5:2 негатива во вториот сет за импресивна победа.

Барти на првото место ќе ја замени шампионката од САД опен и Австралија опен, Јапонката Наоми Осака, која имаше драстичен пад на формата по гренд слемот во Мелбурн. Таа е првата Австралијка на првото место на ВТА листата по легендарната Ивон Гулагонг-Каули пред повеќе од 40 години.

Scroll to Top function disable_right_click() { echo ""; } add_action('wp_footer', 'disable_right_click');