Французинот Мартин Фуркад повторно имаше фантастичен ден за да ја стигне големата разлика на Германците и да освои олимписко злато во мешаната биатлонска штафета во Пјонгчанг.
Најдобриот француски олимпиец во историјата, Фуркад го „уништие“ Германецот Арнд Пајфер во последната смена за да победи со неверојатна предност од 20.9 секунди за трето злато во Пјонгчанг и петто во кариерата.
Норвешка стигна до среброто, а Италија до златото во трилер спринтерски финиш во кој Германците откако доминираа во поголемиот дел од трката на крајот останаа без медал. Конечниот резултат беше неизвесен подолго време, откако постоеја сомнежи дека Италијанецот Доминик Виндиш направил прекршок во спринтерскиот финиш, но на крајот резултатот остана.
Фуркад по победата го спомена својот добар пријател, алпскиот скијач Матју Фавр, кој беше пратен дома од својот тим по коментарите за своите колеги.
„Го сакав овој медал, бидејќи е тимски и емоциите се сосема поинакви. Ова е индивидуален спорт, така што да се освои нешто за Франција е уште поубаво. Имам пријателски мисли за Матју, кој е дома“, изјави Фуркад.
Германката Лаура Далмаер, која освои две злата во Пјонгчанг, направи фантастична предност во втората смена, пред Фуркад да блесне – тој заостануваше повеќе од половина минута за да го „фати“ Пајфер.
ЗОИ Пјонгчанг: Фуркад со фото-финиш стана најголемиот француски олимпиец (видео)