Младиот германски тенсики ас Александер Зверев, светскиот рекет број 3, го одбрани трофејот од Сити опен во Вашингтон, победувајќи уште еден тенисер од кого ќе се очекува многу во иднината, 19-годишниот Австралиец Алекс Де Минаур со 6:2/6:4 за час и 14 минути игра.
Ова е деветти АТП трофеј за Саша Зверев и 41. победа оваа сезона, а благодарение на 500. поени, тој ќе остане на третото место на АТП листата пред Хуан Мартин дел Потро пред настапот на Мастерсот во Торонто, каде што исто така е актуелен шампион.
Дуелот на 21-годишниот Зверев и 19-годишниот Минаур беше едно од најмладите АТП 500 финалиња, од воведувањето на форматот во 1990 година. Зверев, како и против Стефанос Циципас во полуфиналето, покажа дека е лидер меѓу младите тенисери, дозволувајќи му само 11 поени на сервис на Де Минаур.
Фото: ЕПА
Back-to-back, that’s a fact! ✌️
Alexander Zverev successfully defends his #CitiOpen ? with a commanding 6-2, 6-4 victory over Alex De Minaur. pic.twitter.com/vRX6IbvRWx
— Tennis TV (@TennisTV) August 5, 2018