Дејвис куп репрезентацијата на Македонија го загуби мечот против Молдавија од второто коло во Б групата од Третата Европска зона. Нашиот најдобар тенисер Калин Ивановски го предаде мечот против Александер Џозбинов, по што Молдавците поведоа со 2:0 во победи.
Во првиот денешен сингл меч, Бугариќ со 2:1 (4:6, 6:2, 6:3) во сетови загуби од Илиа Снитари.
Ивановски го загуби првиот сет од Александер Џозбинов со 7:5, а губеше со 5:2 во вториот и донесе одлука да го предаде мечот.
Утре Македонија ќе игра против Кипар кој со 3:0 ја совлада селекцијата на Малта.