Top Sport

Лина Ѓорческа успешно стартуваше на турнирот во Хрватска

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа имаше успешен старт на фјучерс турнирот во Осијек. Таа е прв носител на турнирот, а на стартот ја победи Сабина Дадачиу од Романија за еден час и 20 минути игра. Ѓорческа славеше со 2:0 во сетови (6:2, 6:3).

Во второто коло, Ѓорческа за противничка ќе ја има Хрватката Силвија Њириќ.

Горазд Србљак е елиминиран на фјучерсот во Осијек во машка конкуренција. Тој загуби од третиот носител, Германецот Себастијан Прехтел со 1:2. во сетови (3:6, 7:5, 3:6).

Scroll to Top function disable_right_click() { echo ""; } add_action('wp_footer', 'disable_right_click');