Голманот на РК Вардар 1961, Борко Ристовски доби четиригодишна суспензија од МОК поради навреди изречени во ТВ емисија за претседателот на МОК, Даниел Димевски. Тој најави прес-конференција на која ќе изнесе детали, но, сепак, отвори брз противнапад на „стори“ на Инстаграм.
„Во северна вукојебина сѐ е можно! Ама не со мене! Допрва ќе плачете криминалци!“, објави Борко Ристовски на својот профил на Инстаграм.